Најитните интервенции утре ќе се реализираат непречено на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ и на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), информираат од клиниките по најавата од скопски „Водовод“ за прекин во водоснабдувањето од вечерва во поголем дел од градот.

Директорката на ТОАРИЛУЦ, Марија Срцева во изјава за МИА рече дека во соработка со Службата за општи и заеднички работи при клиниките, во тек се подготвителни активности за непречено функционирање на клиниката ТОАРИЛУЦ, во однос на состојбата при прекинот на снабдувањето со вода.

„Најитните интервенции ќе се реализираат непречено. ТОАРИЛУЦ веќе направи план и организираше зголемен број медицински тимови кои ќе бидат ангажирани за време за викендов. Ги преземаме сите мерки за да продолжи континуитетот во работата, без притоа да има поголем застој во функционирањето“,  појасни Срцева за МИА.

„Не очекуваме проблеми, ќе работиме со итни пациенти како и секој викенд. Работното време кај нас е 24/7 “, изјави Настов за МИА.

Според најавата, прекинот во водоснабдувањето ќе биде вечерва по 22 часот, а ќе трае сѐ до санирање на дефектот. Без вода се очекува да бидат голем дел од скопските општини, освен Чаир, Бутел, Радишани, „Пластичарска“ до Американска амбасада, Визбегово, Бардовци, Железара, Автокоманда – висока зона, Ѓорче Петров од СП Планет, Сарај, Шутка, Топанско Поле, Новоселски Пат, населба Даме Груев, Кисела Јабука, Стопански Двор, Волково и Орман.

globe

Слични новости

Скопје утрово е најзагадениот град во Европа

Скопје утрово е најзагадениот град во Европа

На листата најзагадени градови во светот прв е Делхи, потоа следуваат Лахор, Акра, Дака, Кабул, а потоа е Скопје. Според податоците на специјализираната страница за мерење на квалитетот на воздухот „IQAir“, главниот град на Македонија утрово е најзагаден град во Европа.

Мицкоски: Работиме на решение кое ќе гарантира дека ќе го изодиме патот докрај, но преговори за идентитетски прашања не доаѓаат предвид

Мицкоски: Работиме на решение кое ќе гарантира дека ќе го изодиме патот докрај, но преговори за идентитетски прашања не доаѓаат предвид

Премеирот Христијан Мицкоски во интервју за МРТ од ЕУ самитот посветен на земјите од Западен Балкан во однос на проблемот со Бугарија истакна дека неговата дискусија во Брисел се водела од тоа дека потребно е решение кое ќе гарантира да земјата да го изоди патот докрај