Најитните интервенции утре ќе се реализираат непречено на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ и на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), информираат од клиниките по најавата од скопски „Водовод“ за прекин во водоснабдувањето од вечерва во поголем дел од градот.
Директорката на ТОАРИЛУЦ, Марија Срцева во изјава за МИА рече дека во соработка со Службата за општи и заеднички работи при клиниките, во тек се подготвителни активности за непречено функционирање на клиниката ТОАРИЛУЦ, во однос на состојбата при прекинот на снабдувањето со вода.
„Најитните интервенции ќе се реализираат непречено. ТОАРИЛУЦ веќе направи план и организираше зголемен број медицински тимови кои ќе бидат ангажирани за време за викендов. Ги преземаме сите мерки за да продолжи континуитетот во работата, без притоа да има поголем застој во функционирањето“, појасни Срцева за МИА.
„Не очекуваме проблеми, ќе работиме со итни пациенти како и секој викенд. Работното време кај нас е 24/7 “, изјави Настов за МИА.
Според најавата, прекинот во водоснабдувањето ќе биде вечерва по 22 часот, а ќе трае сѐ до санирање на дефектот. Без вода се очекува да бидат голем дел од скопските општини, освен Чаир, Бутел, Радишани, „Пластичарска“ до Американска амбасада, Визбегово, Бардовци, Железара, Автокоманда – висока зона, Ѓорче Петров од СП Планет, Сарај, Шутка, Топанско Поле, Новоселски Пат, населба Даме Груев, Кисела Јабука, Стопански Двор, Волково и Орман.
Слични новости
Настрада македонската амбасада во Киев по рускиот ракетен напад, нема повредени дипломати
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија најостро ги осудува денешните ракетни напади на руската армија врз Киев.
Целосна блокада на Скопје ако не земат плата, најавуваат вработените во ЈП „Улици и патишта“
Вработени во Јавното претпријатие „Улици и патишта“ од протестот утрово пред канцелариите на администрацијата на Град Скопје, најавија целосна блокада на градот, доколку не земат плата
Македонскиот пасош на 34. место меѓу патните исправи на 133 земји во светот
Пасошот на Македонија се наоѓа на 34-то место заедно со Ел Салвадор, Гватемала и Тајван. Македонскиот пасош овозможува непречен влез без виза во 80 држави, додека пак во 50 држави се добива виза по пристигнување.