Кливленд Кавалиерс убедливо славеа во дербито на источната конференција против Њујорк Никс со 142:105. Најефикасен поединец за Кливленд беше Донован Мичел кој постигна 27 поени и имаше одличен шут за тројка 5 од 7, а Еван Мобли постигна 21 поен со 8 скокови. Њујорк го предводеа Џејлен Бронсон со 26 и Карл Ентони Таунс со 23 коша.

Мајами во борбата за директно учество во Плеј офот забележа важна победа на гостувањето во Торонто од 120:111, но дури по продолженија. Тајлер Хиро постигна 28 поени за Мајами, а Ендрју Вигинс кој дојде во тимот во замена за Џими Батлер постигна 25. Кај Торонто најефикасен беше Ер Џеј Барет со 29 коша.

Милвоки Бакс тесно го победија тимот на Вашингтон со 104:101, а најефикасен во тимот на Милвоки беше Калј Кузма со 19 поени, додека Адетокумбо постигна 18.

Слични новости

Хрватска за прв пат во историјата не успеа да се квалификува за Европското првенство во кошарка

Хрватска за прв пат во историјата не успеа да се квалификува за Европското првенство во кошарка

Кошаркарската репрезентација на Хрватска за прв пат во својата историја не успеа да се квалификува на Европското првенство во кошарка, откако на свој терен во квалфикациите во Задар загуби од репрезентацијата на Франција со 83:80.

АТП Доха: Дрејпер против Рубљев во финалето

АТП Доха: Дрејпер против Рубљев во финалето

Најдобриот британски тенисер Џек Дрејпер (АТП-16.) ќе се соочи со Русинот Андреј Рубљев (АТП-10.) во саботното финале на АТП 500 турнирот во Доха, откако во другиот полуфинален меч го победи Чехот Јиржи Лехечка (АТП-25.) со 3:6, 7:6(2), 6:3.