Кливленд Кавалиерс убедливо го победија на гостински терен фаворитот Детроит Пистонс со 125:94 во седмиот решавачки меч и со вкупна победа од 4:3 се пласираа во финалето на Источната конференција.

Најефикасен кај Кливленд беше Донован Мичел со 26 поени, а Еван Мобли постигна 21 кош со 12 скокови. Кај Детроит најефикасен беше Кед Канингем со скромни 13 коша.

Кливленд убедливо го натскока противникот со дури 24 скокови повеќе во рекетот, што беше клучно за нивната победа, заедно со слабиот шут на Детори од 35 насто.

Кливленд прв пат влегува во финалето на Истокот во ерата по Леброн Џејмс, а противник ќе им бидат Њујорк Никс.

Слични новости

Голманот на Баерн Минхен Мануел Ноер поради повреда ќе го пропушти натпреварот со Аталанта

Ноер го напушти теренот на полувремето во победата на Баерн Минхен врз Борусија Менхенгладбах, а според последните информации клубот не сака да ризикува посериозна повреда на Ноер.