Директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) Сашо Клековски вели дека недостигот на дел од терапијата за онколошките пациенти е поради промени во системот за јавни набавки, но најавува дека пред велигденските празници сите лекови ќе бидат достапни во стабилни количини..

„ Во моментот се реализира јавната годишна набавка, таа е отворена минатиот петок, заради технички проблеми во Бирото за јавни набавки односно промена на системот се доцнеше. Тендерот е отворен, очекуваме контрола од Бирото за јавни набавки и пред велигденските празици сите лекови да бидат достапни во стабилни количини за наредните 12 месеци“, рече денеска Клековски, во одговор на на новинарско прашање зошто од 12 март недостига дел од терапијата за онколошките пациенти.
Слични новости
Таравари потврди дека разговарал со Ахмети, no само телефонски
Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, кој се повлече од коалицијата ВЛЕН откако реши самостојно да излезе на локалните избори, призна дека разговорал со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Во интервју за Лајм изјави дека немало средба, но дека се слушнале телефонски
Штипската модуларна болница ќе се адаптира за специјалистички амбуланти
Штипската модуларна болница, која по пандемијата Ковид 19 е празна и стои неискористена, ќе се пренамени во амбуланти за специјалистички прегледи преку „Мој термин“.
До 10.000 евра казна за непочитување на обврската за објавување на цените на веб-страниците
Министерот за економија Бесар Дурмиши вели дека трговците имале доволно време да се прилагодат на оваа нова законска обврска и дека таа е во интерес на граѓаните. Законската обврска важи за сите трговци освен за оние кои имаат до десет вработени