Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, во емисијата „Тема на денот“ на Сител телевизија во однос на актуелната состојба со онкологија информираше дека Клиниката работи на регистарот на пациенти, кој е првиот чекор.

„Вториот чекор е документирање и подобрување на работата на стручната комисија за одредување на терапијата. Таа треба да биде филтерот за подобноста за терапија зашто не сите пациенти се подобни за дел од оваа биолошка терапија зашто за тоа треба соодветни хистопатолошки и генетски испитувања“, кажа Клековски.

Појасни дека мора да има јасни критериуми за вклучување во терапијата, а понатаму е естимација на бројот на циклуси потребен за терапијата.

„Не некои пациенти им треба помалку, на некои пациенти повеќе, но мислам дека можеме да направиме една предвидливост во системот и секако мора значајно да се зголеми буџетот за терапија. Јас одговорно тврдам дека ќе имаме и поголем буџет за набавка на лекови и лековите ќе бидат по пониски цени отколку досега што ќе овозможи волуменот да се зголеми дополнително. Имаме годишен раст од 5-7 отсто на бројот на пациенти годишно на рак, а Клиниката за онкологија е иста како и пред децении и инфраструктурно и со човечки капацитети. Проблемот расте, а капацитетот останува ист. Таму ни треба комлетно нов план и ние работиме на тоа“, посочи тој.

Клековски посочи дека првиот чекор е дијагностицирање, со Институтот за патологија и во моментов се мапираат капацитетите за хистопатолошки и молекуларни истражувања, се лоцираат тесните грла со цел да се скрати времето на чекање значајно, значи резултатите да бидат во најкраток можен рок.

„Исто така, рабитиме на зголемување на капацитетот на ПЕТ скен, од 2000 пет скена, веќе е зголемен капацитетот на 3000 годишно, се надеваме дека ќе можеме и да го дуплираме со нов апарат во некоја непосредна иднина. Ова е потребно за дијагностика, но и за контрола на терапијата. Ова се е неопходно за да дојдеме до терапијата. Мора да направиме децентрализација на системот, час поскоро некои од поевтините цитостатици во таблетарна форма ќе ги ставиме на позитивна листа за да може пациентите да ги подигнат во аптеките, да не мора да доаѓаат на Клиника и час поскоро мора да станат оперативни ГОБ „8 Септември”, болниците во Штип, Битола и Тетово и пациентите да не мора да патуваат“, заклучи Клековски.

globe

Слични новости

Во петок јавна расправа за законски измени за безбедноста во сообраќајот во Собранието

Во петок јавна расправа за законски измени за безбедноста во сообраќајот во Собранието

Членовите на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците со 11 гласа „за“ денеска изгласаа одлука во петок во Собранието да се одржи јавна расправа на тема „Анализа и утврдување на потребата за изменување на законската регулатива со цел зајакнување на безбедноста во сообраќајот

Обвинителството тврди дека Палевски го вози „реното“ на денот на грабнувањето на девојчето, одбраната, пак, дека на видеата се гледаат силуети и бара ДНК анализа

Обвинителството тврди дека Палевски го вози „реното“ на денот на грабнувањето на девојчето, одбраната, пак, дека на видеата се гледаат силуети и бара ДНК анализа

Обвинителство на денешното рочиште за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и пензинерот Панче Жежовски презентираше видео записи од камерите на системот за надзор на сообраќакот „Сејф сити“ на кои тврди дека се гледа дека првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо го вози аавтомобилот „рено кангу“ на денот на грабнувањето на осмоодделенката, а одбраната на Палевски вели дека се гледаат силуети и бара ДНК анализа

Трендафилов: Официјалната потрошувачка кошница е обид за минимизирање на ССМ и за незголемување на платите

Трендафилов: Официјалната потрошувачка кошница е обид за минимизирање на ССМ и за незголемување на платите

ССМ ќе продолжи да ја пресметува минималната кошничка, а во креирањето официјална потрошувачка кошница што беше еден од заклучоците на денешната седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС), гледа обид за минимизирање на синдикатите, како и обид за незголемување на платите (минималната и останатите плати).