СДСМ преку соопштение ја обвини Владата предводена од Христијан Мицкоски и министерот за здравство Сашо Клековски за несоодветно справување со состојбата со западнонилската треска во Македонија.
Од партијата велат дека до 1 септември се регистрирани 56 случаи на западнонилска треска, при што, според нивните наводи, има и седум починати.
СДСМ тврди дека Македонија е на прво место во Европа според бројот на заболени во однос на бројот на жители, посочувајќи ги како споредба Италија, Грција и Романија. Од опозициската партија оценуваат дека Владата нема доволен капацитет за навремена превенција и заштита на здравјето на граѓаните, туку реагира откако состојбата ќе ескалира.
СДСМ упатува критики и за мерките против комарците, обвинувајќи дека не биле спроведени навреме и дека со реакцијата задоцнил и градоначалникот на Општина Центар, Орце Ѓорѓиевски.
Слични новости
Од денеска горивата поскапи, синоќа гужви на бензинските пумпи
Горивата од синоќа од полноќ повторно поскапеа и според последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемија за 4,85 отсто.
ВМРО-ДПМНЕ: Наспроти хистеријата на Филипче и СДСМ, водата во Гостивар е чиста и безбедна
Но додека во СДСМ се препелкаат во сопствениот талог и кал, институциите работат и ги решаваат проблемите, меѓу кои и тие со водата, наведува ВМРО ДПМНЕ во партиското соопштение.
СДСМ : Ароганцијата на Мицкоски и ВМРО нема крај-ја исмејуваат грижата за здравјето на граѓаните
СДСМ деновиве постојано предупредува за загадена вода низ Македонија, токму затоа што „власта на Мицкоски и неговата организирана криминална група ги крие податоците“.


