Киргистан објави дека ќе ја промени својата национална химна бидејќи ја смета за премногу советска, во уште една од низата мерки преземени за промена на државните симболи и зајакнување на националниот идентитет на оваа централноазиска земја и руски сојузник, но и земја во која сè уште живее духот на минатото на СССР.
Новоформираната парламентарна комисија е задолжена за промена на националната химна, извести во петокот агенцијата Kabar.
Сегашната химна, усвоена по падот на СССР во 1991 година, е идентична со советската химна и застарена, бидејќи, според претседателот Садир Јапаров, „таа само ја слави независноста, додека Киргистан е земја со историја стара 5.000 години“.
Јапаров затоа ја нараче оваа есен „да се напише химна која ќе ги инспирира младите и идните генерации“.
Претседателот на парламентот, Нурлан Чакиев, изјави дека новата химна ќе биде готова до април и ќе биде лесна за пеење за сите на возраст од пет до 95 години.
По падот на СССР, Киргистан не започна политика на декомунизација, а спомениците на Владимир Илич Ленин сè уште можат да се видат низ планинската земја, иако беа преименувани имињата на некои места и градови. Исто така, во земја каде што рускиот сè уште е официјален јазик, сѐ посилно се промовира киргистанскиот јазик.
Знамето исто така беше сменето минатата година, на кое сега има жолто сонце со стилизиран приказ на јурта на црвена позадина.
Слични новости
Гниење на мозокот ( Brain rot) избран за збор на годината од Оксфорд
Оксфорд за збор на годината го избра „гниењето на мозокот“ (Brain rot). Како што објаснуваат од Оксфорд овој поим значи „затупување“ на мозокот настанот од бескрајно „скролање“ на социјалните мрежи.
Бокс офис: Моана 2 достигна 600 милиони заработка за само две недели
Анимираниот блокбастер на Дизни Моана 2 продолжи да урива рекорди на Бокс офисот, достигнувајќи заработка од 600 милиони долари за само две недели прикажување. Во Америка филмот за викендот заработи 52 милиони долари, а во другите земји 103,4 милиони долари.
Дали Британците се одљубуваат од чајот и станува ли „старечки пијалок“?
Шолја топол чај, онаа типична и суштинска британска традиција во која луѓето на Обединетото Кралство уживале стотици години, одговорот на секоја криза, ритуалот на поврзување кога ќе дочекате некого во вашиот дом и првиот пијалок со кој многумина се будат, помладите Британци се чини дека повеќе и не е толку популарен.