Киргистан објави дека ќе ја промени својата национална химна бидејќи ја смета за премногу советска, во уште една од низата мерки преземени за промена на државните симболи и зајакнување на националниот идентитет на оваа централноазиска земја и руски сојузник, но и земја во која сè уште живее духот на минатото на СССР.
Новоформираната парламентарна комисија е задолжена за промена на националната химна, извести во петокот агенцијата Kabar.
Сегашната химна, усвоена по падот на СССР во 1991 година, е идентична со советската химна и застарена, бидејќи, според претседателот Садир Јапаров, „таа само ја слави независноста, додека Киргистан е земја со историја стара 5.000 години“.
Јапаров затоа ја нараче оваа есен „да се напише химна која ќе ги инспирира младите и идните генерации“.
Претседателот на парламентот, Нурлан Чакиев, изјави дека новата химна ќе биде готова до април и ќе биде лесна за пеење за сите на возраст од пет до 95 години.
По падот на СССР, Киргистан не започна политика на декомунизација, а спомениците на Владимир Илич Ленин сè уште можат да се видат низ планинската земја, иако беа преименувани имињата на некои места и градови. Исто така, во земја каде што рускиот сè уште е официјален јазик, сѐ посилно се промовира киргистанскиот јазик.
Знамето исто така беше сменето минатата година, на кое сега има жолто сонце со стилизиран приказ на јурта на црвена позадина.
Слични новости
Австралија ќе ги тужи технолошките фирми ако не им платат на медиумите за содржината на вестите
Австралија планира да воведе нови правила, според кои големите технолошки компании ќе мора да им платат на австралиските медиуми за содржината на вестите на нивните платформи, а во спротивно ќе се соочат со тужби
Тејлор Свифт им подели бонуси од вкупно 197 милиони долари на членовите на својот тим
Пејачката тејлор Свифт за време на својата турнеја „ерите“ ги награди членовите на својот тим, поделувајќи им вкупно 197 милиони долари во бонуси. Бонусите им се доделени на сите кои работеа со неа за време на турнејата
Италија со најмногу автомобили по глава на жител во ЕУ
Националната агенција за статистика наведува дека бавно оди преминувањето на автомобили коишто помалку ја загадуваат животната