Киргистан објави дека ќе ја промени својата национална химна бидејќи ја смета за премногу советска, во уште една од низата мерки преземени за промена на државните симболи и зајакнување на националниот идентитет на оваа централноазиска земја и руски сојузник, но и земја во која сè уште живее духот на минатото на СССР.
Новоформираната парламентарна комисија е задолжена за промена на националната химна, извести во петокот агенцијата Kabar.
Сегашната химна, усвоена по падот на СССР во 1991 година, е идентична со советската химна и застарена, бидејќи, според претседателот Садир Јапаров, „таа само ја слави независноста, додека Киргистан е земја со историја стара 5.000 години“.
Јапаров затоа ја нараче оваа есен „да се напише химна која ќе ги инспирира младите и идните генерации“.
Претседателот на парламентот, Нурлан Чакиев, изјави дека новата химна ќе биде готова до април и ќе биде лесна за пеење за сите на возраст од пет до 95 години.
По падот на СССР, Киргистан не започна политика на декомунизација, а спомениците на Владимир Илич Ленин сè уште можат да се видат низ планинската земја, иако беа преименувани имињата на некои места и градови. Исто така, во земја каде што рускиот сè уште е официјален јазик, сѐ посилно се промовира киргистанскиот јазик.
Знамето исто така беше сменето минатата година, на кое сега има жолто сонце со стилизиран приказ на јурта на црвена позадина.
Слични новости
Принцезата од Велс: Љубовта е најголемиот божикен подарок
Кетрин Мидлтон, британската принцеза од Велс, порача дека љубовта е најголемиот подарок што луѓето можат да си го дадат едни на други, во порака до гостите кои ќе присуствуваат на нејзината годишна божиќна служба во Вестминстерската опатија во Лондон следната недела
Индиска смоква – култура со потенцијал за сушниот југ од Италија и другите региони во светот
Глобалното затоплување, сушата и разни растителни болести претставуваат зголемена закана за земјоделството во сушниот југ на Италија, но стартап основан од поранешен шеф на одделот за телекомуникации верува дека нашол решение: растение со латинско име Opuntia Ficus, подобро познато како индиската смоква
Режисерот и продуцент Адам Сомнер почина на 57 годишна возраст
Сомнер беше номиниран за оскар во 2021 за филмот „ Licorice pizza“, а доби награда за извонредно режисерско достигнување во филмот „The Revenant“ од 2015.