Киргистан објави дека ќе ја промени својата национална химна бидејќи ја смета за премногу советска, во уште една од низата мерки преземени за промена на државните симболи и зајакнување на националниот идентитет на оваа централноазиска земја и руски сојузник, но и земја во која сè уште живее духот на минатото на СССР.

Новоформираната парламентарна комисија е задолжена за промена на националната химна, извести во петокот агенцијата Kabar.

 

Сегашната химна, усвоена по падот на СССР во 1991 година, е идентична со советската химна и застарена, бидејќи, според претседателот Садир Јапаров, „таа само ја слави независноста, додека Киргистан е земја со историја стара 5.000 години“.

Јапаров затоа ја нараче оваа есен „да се напише химна која ќе ги инспирира младите и идните генерации“.

Претседателот на парламентот, Нурлан Чакиев, изјави дека новата химна ќе биде готова до април и ќе биде лесна за пеење за сите на возраст од пет до 95 години.

По падот на СССР, Киргистан не започна политика на декомунизација, а спомениците на Владимир Илич Ленин сè уште можат да се видат низ планинската земја, иако беа преименувани имињата на некои места и градови. Исто така, во земја каде што рускиот сè уште е официјален јазик, сѐ посилно се промовира киргистанскиот јазик.

Знамето исто така беше сменето минатата година, на кое сега има жолто сонце со стилизиран приказ на јурта на црвена позадина.

globe

Слични новости

Моана 2 ги урна сите рекорди на Бокс офисот

Моана 2 ги урна сите рекорди на Бокс офисот

Фанстистичниот анимиран мјузикл Моана 2 на Дизни ги урна сите рекорди на Бокс офисот и во премиерниот продолжен празничен викенд заработи неверојатни 221 милиони долари на кино благјаните во САД

Елтон Џон изненади признавајќи дека не може да продолжи да работи поради губење на видот

Елтон Џон изненади признавајќи дека не може да продолжи да работи поради губење на видот

Британскиот пејач 77-годишниот Елтон Џон во неделата на публиката на премиерата на претставата во лондонскиот Вест Енд ѝ откри дека го изгубил видот на десното око по тешко воспаление кое го зафати на почетокот на годината

Се отвора грандиозна изложба посветена на „Болеро“ од Морис Равел

Се отвора грандиозна изложба посветена на „Болеро“ од Морис Равел

Од вторник, 3. декември, Париз ќе биде побогат за уште еден величествен културен настан – изложба во „Cite de la Musique“ посветена на „Болеро“, оркестарското дело на Морис Равел кое доживеа глобален успех, пренесуваат француските медиуми