Киргистан објави дека ќе ја промени својата национална химна бидејќи ја смета за премногу советска, во уште една од низата мерки преземени за промена на државните симболи и зајакнување на националниот идентитет на оваа централноазиска земја и руски сојузник, но и земја во која сè уште живее духот на минатото на СССР.

Новоформираната парламентарна комисија е задолжена за промена на националната химна, извести во петокот агенцијата Kabar.

 

Сегашната химна, усвоена по падот на СССР во 1991 година, е идентична со советската химна и застарена, бидејќи, според претседателот Садир Јапаров, „таа само ја слави независноста, додека Киргистан е земја со историја стара 5.000 години“.

Јапаров затоа ја нараче оваа есен „да се напише химна која ќе ги инспирира младите и идните генерации“.

Претседателот на парламентот, Нурлан Чакиев, изјави дека новата химна ќе биде готова до април и ќе биде лесна за пеење за сите на возраст од пет до 95 години.

По падот на СССР, Киргистан не започна политика на декомунизација, а спомениците на Владимир Илич Ленин сè уште можат да се видат низ планинската земја, иако беа преименувани имињата на некои места и градови. Исто така, во земја каде што рускиот сè уште е официјален јазик, сѐ посилно се промовира киргистанскиот јазик.

Знамето исто така беше сменето минатата година, на кое сега има жолто сонце со стилизиран приказ на јурта на црвена позадина.

globe

Слични новости

Кевин Спејси ја посети границата на Израел со Газа

Кевин Спејси ја посети границата на Израел со Газа

Во медиумските извештаи се наведува дека Спејси го посетил регионот за да се види со ќерката на негов пријател која служи во израелската војска и дека ја искористил можноста за посета на заедниците кои беа погодени од нападот на Хамас на 7 октомври.

„Различниот човек“ ја освои наградата за најдобар филм на годинашните Готам награди за 2024

„Различниот човек“ ја освои наградата за најдобар филм на годинашните Готам награди за 2024

Различниот човек ја освои наградата за најдобар филм на годинашните Готам награди, додека „Никел бојс“ и „Синг Синг“ освоија по две награди на церемонијата што се одржа во понеделникот вечерта во Чиприани во Њујорк.