Киргистан објави дека ќе ја промени својата национална химна бидејќи ја смета за премногу советска, во уште една од низата мерки преземени за промена на државните симболи и зајакнување на националниот идентитет на оваа централноазиска земја и руски сојузник, но и земја во која сè уште живее духот на минатото на СССР.
Новоформираната парламентарна комисија е задолжена за промена на националната химна, извести во петокот агенцијата Kabar.
Сегашната химна, усвоена по падот на СССР во 1991 година, е идентична со советската химна и застарена, бидејќи, според претседателот Садир Јапаров, „таа само ја слави независноста, додека Киргистан е земја со историја стара 5.000 години“.
Јапаров затоа ја нараче оваа есен „да се напише химна која ќе ги инспирира младите и идните генерации“.
Претседателот на парламентот, Нурлан Чакиев, изјави дека новата химна ќе биде готова до април и ќе биде лесна за пеење за сите на возраст од пет до 95 години.
По падот на СССР, Киргистан не започна политика на декомунизација, а спомениците на Владимир Илич Ленин сè уште можат да се видат низ планинската земја, иако беа преименувани имињата на некои места и градови. Исто така, во земја каде што рускиот сè уште е официјален јазик, сѐ посилно се промовира киргистанскиот јазик.
Знамето исто така беше сменето минатата година, на кое сега има жолто сонце со стилизиран приказ на јурта на црвена позадина.
Слични новости
Јапонското саке на листата на нематеријално културно наследство на УНЕСКО
Пијалокот се прави неколку недели со ферментирање на мешавина од ориз, вода, квасец и шарена мувла позната како „коџи“
Компанијата Мета во Луизијана ќе го изгради својот најголем центар за податоци за 10 милијарди долари
Министерството за трговија на САД смета дека во земјата нема доволно центри на податоци кои би ја задоволиле растечката потреба за вештачката интелигенција, а се смета дека побарувачката за такви објекти ќе срате за 9 насто годишно.
Вредни археолошки наоди пронајдени во термални бањи во Тоскана
Древни скулптури, монети, накит и сè уште недопрени јајца од римската и етрурската ера се пронајдени во термални бањи во јужна Тоскана, соопшти во вторникот италијанското Министерство за култура, откривајќи ги најновите откритија на тоа место