Киргистан објави дека ќе ја промени својата национална химна бидејќи ја смета за премногу советска, во уште една од низата мерки преземени за промена на државните симболи и зајакнување на националниот идентитет на оваа централноазиска земја и руски сојузник, но и земја во која сè уште живее духот на минатото на СССР.
Новоформираната парламентарна комисија е задолжена за промена на националната химна, извести во петокот агенцијата Kabar.
Сегашната химна, усвоена по падот на СССР во 1991 година, е идентична со советската химна и застарена, бидејќи, според претседателот Садир Јапаров, „таа само ја слави независноста, додека Киргистан е земја со историја стара 5.000 години“.
Јапаров затоа ја нараче оваа есен „да се напише химна која ќе ги инспирира младите и идните генерации“.
Претседателот на парламентот, Нурлан Чакиев, изјави дека новата химна ќе биде готова до април и ќе биде лесна за пеење за сите на возраст од пет до 95 години.
По падот на СССР, Киргистан не започна политика на декомунизација, а спомениците на Владимир Илич Ленин сè уште можат да се видат низ планинската земја, иако беа преименувани имињата на некои места и градови. Исто така, во земја каде што рускиот сè уште е официјален јазик, сѐ посилно се промовира киргистанскиот јазик.
Знамето исто така беше сменето минатата година, на кое сега има жолто сонце со стилизиран приказ на јурта на црвена позадина.
Слични новости
Најтопол ноември во Португалија и во Шпанија
Минатиот месец беше најтоплиот ноември во историјата на мерењето на температурите во Шпанија и Португалија, а и целата планета Земја оди по тој пат.
Мухамед е најпопуларното име за момчињата во 2023. во Англија и Велс
Мухамед е во првите десет најпопуларни имиња за новородени момчиња од 2016 година, а беше на второто место во 2022 година
Книгата „Ерата“ на Тејлор Свифт продаде повеќе од 800.000 копии за два дена
За два дена книгата на Тејлор Свифт „Ерата“ стана најпродавана во САД и има најголема заработка по нејзиното објавување за 2024 година.