Единаесет кинески и руски воени авиони навлегле во петокот во зоната на воздушна одбрана на Јужна Кореја во период од четири часа, што го натера Сеул да подигне борбени авиони, соопшти јужнокорејската војска.

„Руски и кинески авиони влегоа во областа еден по друг. Сите излегоа од таму без инцидент или упад во воздушниот простор на Јужна Кореја“, наведува началникот на Здружениот Генералштаб во пораката до новинарите.

Војската на Јужна Кореја ги идентификувала авионите пред да влезат во зоната за воздушна одбрана и ги распоредила своите авиони за да спроведат тактички маневри како одговор, се вели во соопштението.

Сеу тврди дека кинеските и руските авиони често влегувале во зоната на воздушна одбрана на Јужна Кореја последните години, а потоа излегувале без инциденти. Двете земји не ја признаваат зоната за воздушна одбрана на Јужна Кореја.

Голем број земји прогласија свои таканаречени воздушни одбранбени зони за следење и контрола на авионите кои се приближуваат до нивниот територијален воздушен простор поради национална безбедност.

globe

Слични новости

Парламентот на Јужна Кореја покренува отповикување на претседателот

Парламентот на Јужна Кореја покренува отповикување на претседателот

Јужнокорејските парламентарци во среда ќе побараат покренување постапка за отповикување на претседателот на земјата, кој прво прогласи а потоа ја укина вонредната состојба, предизвикувајќи ја најголемата политичка криза во земјата во последните децении

Јужнокорејскиот претседател ја укинува воената состојба по гласањето во парламентот

Јужнокорејскиот претседател ја укинува воената состојба по гласањето во парламентот

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол рече дека ќе го започне процесот на укинување на вонредната состојба што ја прогласи само неколку часа претходно, почитувајќи го парламентарното гласање против мерката

Франција веројатно останува без влада

Франција веројатно останува без влада

Француските пратеници во средата ќе гласаат за доверба на владата, што речиси сигурно ќе значи пад на кревката владејачка коалиција на премиерот Мишел Барние, продлабочувајќи ја политичката криза во втората по големина економија во еврозоната