Кинеските државни нафтени компании го прекинаа купувањето на руска нафта која се превезува по морски пат, откако САД воведоа санкции врз „Росњефт“ и „Лукоил“ пренесе Ројтерс.

Одлуката на кинеските енергетски компании „ПетроКина“ „Синопек“ и „Женхуа Оил“ да ја прекинат трговијата со руска сурова нафта настана од страв од секундарни санкции и можни компликации во меѓународните плаќања и осигурувањето на транспортот.

И Индија која е најголем купувач на руска нафта по морски пат се подготвува значајно да го намали увозот на сурова нафта од Русија за да се усогласи со новите американски мерки.

Наглото намалување на побарувачката од Индија и Кина, двете земји кои сочинуваа две третини од рускиот извоз на сурова нафта по морски пат, би можело значајно да ги намали приходите на Москва и да предизвикаат глобален пораст на цената на нафтата.

Сепак, поголемиот дел од рускиот извоз го купуваат независни кинески рафинерии познати како „чајници“ и тоа изнесува околу 1,4 милиони барели дневно, додека Вортекс аналитикс проценува дека кинеските државни компании купуваа по 250 000 тони руска нафта дневно.

Слични новости

САД престанаа да ја означуваат Русија како „диркента закана“, Кремљ е задоволен

САД престанаа да ја означуваат Русија како „диркента закана“, Кремљ е задоволен

Кремљ го поздрави потегот на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја ревидира својата стратегија за национална безбедност и да престане да ја нарекува Русија „директна закана“, изјави во неделата портпаролот Дмитриј Песков

Зеленски задоволен од разговорот со Виткоф

Зеленски задоволен од разговорот со Виткоф

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во саботата изјави дека имал долг и „содржаен“ телефонски разговор со специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, како и со зетот на Трамп, Џаред Кушнер