Кинеските тајконаути (астронаути) Каи Ксуже и Сонг Лингдонг завршија деветчасовна мисија надвор од вселенската станица Тиангонг, соборувајќи го претходниот рекорд на вселенска прошетка, објави Кинеската вселенска агенција CMSA.
Податоците на американската вселенска агенција NASA покажуваат дека претходниот рекорд но за американски астронаути бил осум часа и 56 минути, поставен од Џејмс Вос и Сузан Хелмс во 2001 година.
Според тие податоци, руските космонаути наводно не ја надминале оваа бројка, а американските астронаути исто така се вклучени во Гинисовата книга на рекорди како светски рекордери.
За време на вселенската прошетка, кинеската мисија требаше да постави штитови на вселенската станица за да ја заштити од вселенски отпад и да прегледа различни инструменти.
Астронаутите го поставија кинескиот рекорд од осум часа и 23 минути во мај. Продолжените вселенски прошетки се овозможени со новите дизајни на вселенски одела.
Вселенската станица Тиангонг (Небесен дворец) е клучна компонента на кинеската вселенска програма со екипаж. Станицата во форма на „Т“ се состои од централен јадро модул и два лабораториски модула. Во моментов на станицата има тројца астронаути кои пристигнаа во октомври на шестмесечен престој.
Кина се стреми кон водечка улога во истражувањето на вселената. Неодамна изврши неколку мисии на Месечината и спушти ровер на Марс.
Слични новости
Фабриката Мирабел кај Салцбург престана да произведува Моцарт кугли
Сопственикот на американскиот бренд Монделез ќе продолжи да ги произведува Мирабел Моцарт куглите, но не е познато каде. Фабриката во Салцбург се затвори поради долгови.
Аљаска: Засилена сеизмичката активност на вулканот Монт Спур
Научниците на Аљаска предупредија на зголемена сеизмичка активност на вулканот Монт Спур, а околу 1.500 помали земјотреси околу вулканот доведоа до деформацијата на теренот близу вулканот.
Снимањето на серијата Хари Потер на HBO ќе започне во Англија во летото 2025.
Производството на серијата Хари Потер на HBO ќе започне во студиото „Warner Bros Leavesden“, во северозападен Лондон, летото 2025 година