Кинескиот извоз на стоки за Африка порасна за 24 насто меѓугодишно на 224 милијарди долари во првите десет месеци на 2026 што дополнително ја засили втората светска економија.
Една од причините за експанзијата на кинеската трговија со Африка се зголемените царини на Доналд Трамп за кинексите производи.
И покрај високите американски царини кинескиот суфицит во стоковата размена со странство порасна на еден билион долари во првите десет месеци од 2026.
Податоците се објавени пред средбата на претседателите Доналд Трамп и Си Џинпинг за време на самитот на Азиско-пацифичката соработка во Шенжен.
Слични новости
На Европската унија и се заканува недостиг на гас за време на зимата
Европската унија оваа зима би можела да се соочи со недостиг од природен гас од дури 14 милијарди метри кубни, што претставува седум насто од побарувачката на ЕУ.
Цената на нафтата Брент падна на 103 долари по изјавите на Трамп за Иран
Цената на нафтата Брент денеска благо падна на светските берзи, по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД нема да го нападнат...
Европската индустрија бара итна акција на ЕУ во однос на трговијата со Кина
Според наводите на индустриските здруженија трговскиот дефицит на ЕУ со Кина во моментов надминува милијарда евра дневно.


