Кинесикиот страт ап Дип Сик ја претстави новата генерација на својот водечки модел за вештачка интелигенција, серијата В4, и тврди дека станува збор за најмоќната платформа отворено до сега.

Со тоа кинеската компанија дополнително ја заостри конкуренцијата со американските компании како Опен АИ и Антропик.

Компанијата ги прикажа моделите В4 флеш и В4 Про, кои носат напредок во програмирањето, резонирањето и агентските задачи, со унапредена архитектура и оптимизација, како и поддршка за контекст од дури еден милион токени, што овозможува обработка на големи бази на кодови.

Дип Сик наведува дека засега достапноста на моделот В4 Про е ограничена, поради недостиг на компјутерски ресурси, но очекува пад на цените во втората половина од годината кога ќе бидат придвижени нови кластери базирани на чиповите на компанијата Хуавеи.

 

Слични новости