Кинескиот прозиводител на електрични возила BYD минатата година продаде 2,26 милиони возила и стана најголем производител на електрични возила во светот, преземајќи го приматот од компанијата Тесла на Илон Маск.

Тесла го загуби приматот на светските пазари, а компанијата бележи пад во продажбата на електрични возила поради силната конкуренција, но и поради крајно десничарската политика на Илон Маск, објави Асошиејтед Прес.

Компанијата соопшти дека во 2025 продала 1,64 милиони возила што е пад од 9 проценти во однос на минатата година.

Сепак акциите на Тесла во 2025 пораснаа за 11 проценти, затоа што инвеститорите се надеваат дека Илон Маск ќе ја направи Тесла лидер во услугите на роботизирано такси.

 

Слични новости