Кинескиот извоз забавил во мај, покажаа царинските податоци обавени во понеделникот, што одразува остро намалување на пратките стоки во САД.
Вредноста на вкупниот извоз на Кина се зголеми за 4,8 отсто во мај во споредба со истиот период минатата година. Во април, тие скокнаа за 8,1 отсто.
Кинескиот извоз во САД, мерен според вредноста на испорачаните стоки, потонал за 34,5 отсто, најмногу од почетокот на пандемијата ковид-19 во февруари 2020 година, што ја наруши глобалната трговија.

Увозот на стоки во Кина, исто така, значително се намалил во мај, за 3,4 отсто. Во април, остана повеќе или помалку на нивото од истиот месец минатата година.
Увозот на американски стоки потонал за 18,1 отсто, по падот од 13,8 отсто претходниот месец.
Скокот на кинескиот извоз во првите месеци од пролетта ги покажува напорите на купувачите да ги предвидат најавените американски царини, кои беа воведени врз Кина и остатокот од светот од страна на кабинетот на американскиот претседател Доналд Трамп.
Вашингтон и Пекинг во меѓувреме ги суспендираа царините за да преговараат за прилагодување на трговијата. Автомобилската индустрија беше особено загрижена од построгата контрола на извозот на технолошки минерали од страна на Кина.
Минатиот четврток кинескиот претседател Кси Џинпинг телефонски разговараше со својот американски колега Доналд Трамп, а трговските претставници на Кина и САД треба да се сретнат подоцна денеска во Лондон.
Слични новости
Нафтата и златото поскапеа на берзите, како резултат на војната на Блискиот исток
Нафтата Брент скокна дури за 7 проценти и достигна цена од 75 долари по барел, што е највисоко ниво на цената на нафтата од април.
Италијанскиот извоз падна за 2,8 насто во април
Агенцијата АНСА наведува дека падот на извозот пред се се должи на намалување на продажбата во земјите надвор од ЕУ, кој опадна за 7 насто.
Германската економија би можела да има раст од 1,5 насто во 2026
Германската економија би можела да ја надмине својата тригодишна криза во 2026, кога германскиот БДП би требало да порасне за 1,5 насто, проценува германскиот институт ИФО.