Кинеската технолошка компанија „„ByteDance“, во чија сопственост е платформата за размена на кратки видеа TikTok ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со одлуката за затворање на платформата на една година во Албанија, објавија албанските медиуми.
Кинеската компанија наведува дека не нашла докази дека сторителот или жртвата на тепачката пред училиштето „Фан Ноли“ во Тирана, имал сметки на оваа платформата и дека бројните извештаи потврдиле дека видеата кои довеле до оваа трагедија биле објавени на друга платформа.
Според одлуката што ја објави вчера премиерот Еди Рама, во 2025 година платформата Тик Ток нема да биде достапна на територијата на Албанија на која било возраст, како дел од планот за зголемување на безбедноста во училиштата.
„Одлуката е донесена по едномесечните консултации меѓу претставниците на образованието и родителите, по убиството со нож на 14-годишниот Мартин Цани, ученик во училиштето ‘Фан Ноли’, за време на конфликт со друг ученик од истото училиште, што се случи на 18 ноември 2024 година. На одлука и претходеа 1.300 средби на кои присуствуваа 65 илјади родители. Во Република Албанија повеќе нема да има TikTok“, рече Рама.
На средбите платформата е обвинета за „поттикнување насилство и злоставување, особено меѓу децата“, а албанските експерти оценуваат дека токму децата ја сочинуваат најголемата група корисници на ТikTok во земјата.
Албанија е прва земја во регионот која го блокира ТikTok.
Слични новости
Турција: Четири жртви во пад на хеликоптер за итна медицинска помош
За време на тренинг лет, турски хеликоптер за брза помош се урна на покривот на болницата во областа Ментеше во провинцијата Мугла, на југозападниот дел на земјата, и падна од покривот во болничкиот парк, при што загинаа четири лица, објавија денеска турските медиуми
Целосна блокада на ТикТок во Албанија
Албанија го блокира ТикТок за една година, поради влијанието на социјалните мрежи врз насилството меѓу младите. Одлуката следи по убиството на 14-годишен ученик во Тирана, кое е поврзано со расправија на социјалните мрежи.
Членовите на некогашното грчко кралско семејство побараа грчко државјанство
Членовите на некогашното грчко кралевско семејство поднесоа барање за грчко државјанство и официјално го признаа републиканскиот систем на власта во таа земја, 50 години откако беше укината монархијата во Грција