Пекинг има причини за загриженост. Постои опасност Трамп да премине на финансиски санкции врз Кина, какви што САД и ЕУ и воведоа на Русија. Ако се случи тоа, кинеското раководство ќе биде принудено да БРИКС да воспостави монетарен систем со јуанот како носечка валута и кинескиот трговски суфицит како негова база.
По враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа, најголемата грижа на кинеските лидери не се најавените високи царини за кинеските производи. Тие знаат дека подигнувањето на царините за Трамп е поважно како политички и симболички чин, отколку како економско оружје кое навистина би можел да го загрози растот и напредокот во Кина.
Главната дилема пред која е соочена Кина во овој момент е дали треба да се исклучи од меѓународниот монетарен систем во кој доминира доларот, така што групацијата на големи глобални економии позната како БРИКС, ќе ја трансформира во аранжман сличен на оној од Бретон Вудс.

Одговорот на тоа прашање не зависи од царините или од судбината на ТикТок, туку од тоа дали јастребите во администрацијата на Трамп ќе успеат да предизвикаат конфронтација која ги надминува царините и влегува во теренот на финансиските санкции.
Како оружје за покорување на Кина царините се преценети, особено во комбинација со ветените даночни олеснувања и радикалната дерегулација.
Тоа се потези кои ќе ги зголемат профитити и цените на акциите во САД, забрзувајќи го приливот на странскиот капитал.
Дефицитот на федералниот буџет ќе продолжи да расте, а доларот и натаму ќе се засилува – со што ќе се ублажи негативниот ефект од царините врз кинескиот извоз, се додека инвеститорите веруваат дека добивката од американските државни обврзници ќе заостанува зад растот на берзата на американските индекси. Јазот меѓу домашното штедење и вложувањата -што е главата причина за трговскиот дефицит на САД во однос на Кина и Европа, само ќе се зголемуваат.
Кинеските лидери претпоставуваат дека Трамп ќе се обиде да им го направи она што Реган им го направи на Јапонците пред 40 години. Кина може да избира меѓу значајно зголемување на вредноста на јуанот и високите царини на кинексите стоки. Тоа не доведува до политичката и геостратегиската димензија на овој проблем.
Трамп знае дека Кина не е Јапонија, чиј повоен Устав го пишуваа Американци и каде што сеуште се стационирани 55 000 американски војници. Исто така, Кина веќе не е зависна од американскиот пазар како некогаш, благодарение на диверзификацијата и синџирите за снабдување кои се целосно нејзини, а успеа да ги направи незаменливи во целиот свет. Мали се шансите Кинезите да се согласат на зголемување на вредноста на јуанот. Кинеските лидери добро знаат дека ревалуацијата на јенот од Плаза спогодбата пред 40 години беше главната причина за трајното забавување на јапонскиот индустриски и финансиски раст.
Дигитално-технолошкиот ѕид кој се издигнува меѓу Кина и САД веќе им носи бенефит на големите компании во двете земји. Огромен број инженери во Кина со големи чекори напредуваат во производството на напредни микрочипови со чија технологија Кина немаше да овлада да не беше првата студена војна меѓу двете земји за време на првиот мандат на Трамп. Оваа политика Џо Бајден не само што ја презеде, туку и ја ескалираше.
Од друга страна американската концентрација на капитал во облак, нејзината посветеност во дигиталните истражувања и развој и најавените царини на Трамп, веќе ги поттикнаа европските компании своите инвестиции да ги пренасочат кон САД. Накусо, ако некој има причини за очај поради царините на Трамп, тоа е Европа, а не Кина.

Но, Пекинг има причини за загиженост. Постои опасност Трамп да премине на финансиски санкции врз Кина, какви што САД и ЕУ и воведоа на Русија. Ако се случи тоа, кинеското раководство ќе биде принудено БРИКС да воспостави монетарен систем со јуанот како носечка валута и кинескиот трговски суфицит како негова база.
Јанис Варуфакис
Слични новости
Маск ризикува да ги одврати купувачите во ЕУ од „Tesla“
Зближувањето на Илон Маск со американскиот претседател Доналд Трамп, неговата поддршка за европските крајно десничарски партии и нападите врз политиките за различности може да ги одвратат европските купувачи на елекричните автомобили на „Tesla“, сметаат аналитичарите
Германските градежници во проблеми и покрај недостигот од станови
Кризата во германската изградба на станови се прошири на почетокот на 2025 година, со слаба побарувачка и покрај недостигот од протор за домување, според истражувањето на економскиот институт ifo
Косово излегува на избори, се очекува победа на Курти
Премиерот кој се идентификува како социјалдемократ на власт е од 2021 година, лидер на партијата Ветевендосје (VV – Самоопределување), а неговата влада последниве месеци се фокусираа на укинување на последните паралелни институции финансирани од Белград