Кинескиот производител на спортска опрема Анта спортс ја разгледува понудата за превземање на компанијата Пума, а акциите на германската компанија пораснаа за 14 насто по оваа вест.

Интересирање за Пума би можеле да покажат и други кандидати како што се кинеската компанија Ли-Нинг која веќе отпочна преговори со банките за потенцијално финансирање на транскацијата, како и јапонската фирма Асикс.

Фирмата Анта спортс која веќе ги пшоседува брендовите Фила и Џек Волфскин, оваа година бележи пораст на вредноста на акциите од 10 проценти и нејзината пазарна вредност се проценува на околу 31 милијарда долари.

Германскиот прозиводител на спосртска опрема Пума, наспроти тоа, бележи слаби резултати, а новиот извршен директор Андреас Хуберт кој ја презеде функцијата во јули се обидува да спроведе реструктуирање за фирмата повторно да стане профитабилна.

Целта на Пума е да во 2027 да почне со раст и да се етаблира како еден од трите најголеми светски брендови.

Слични новости