Кина во средата поднесе тужба против Индија во Светската трговска организација (СТО – WTO), наведувајќи дека Њу Делхи ги крши трговските правила што ја забрануваат замената на увозот со субвенционирање на домашното производство на електрични возила и батерии.

Кина во средата побара консултации со Индија во рамките на СТО за решавање на прашањето за индиските субвенции за производство на електрични возила и батерии, изјави портпаролот на кинеското министерство.

Субвенциите на Индија кршат неколку обврски на СТО, вклучувајќи го и принципот на национален третман, кој забранува дискриминација меѓу домашните и увезените стоки и услуги. Мерките на Индија всушност се субвенции насочени кон замена на увозот, што СТО изрично го забранува, истакна портпаролот на кинеското министерство.

„Мерките обезбедуваат нефер конкурентска предност за домашните индиски производители и им штетат на интересите на кинеските компании“, рече портпаролот додавајќи дека Пекинг ќе преземе мерки за заштита на нивните „легитимни права и интереси“.

Индија неодамна презеде неколку економски и трговски мерки за кои Пекинг тврди дека предизвикале сомнежи и покренале прашања за можно непочитување на принципите на СТО.

„Овие акции привлекоа големо внимание од другите членки на СТО. Ја повикуваме Индија да ги почитува своите обврски кон СТО и итно да ја исправи спорната практика“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за трговија.

globe

Слични новости

Благ раст на европските берзи

Благ раст на европските берзи

На европските берзи, индексите пораснаа во претпладневното тргување во петокот, најмногу благодарение на растот на цените на акциите во рударскиот сектор, додека инвеститорите внимателно чекаат нови податоци за инфлацијата во САД