Јапонија ќе претрпи „тежок пораз“ од кинеската армија доколку се обиде да употреби сила за да интервенира во врска со Тајван, соопшти во петокот Министерството за одбрана на Кина, како одговор на неодамнешните забелешки на јапонската премиерка Санае Такаичи во врска со островот врз кој Пекинг полага право.
Такаичи предизвика дипломатски спор со Пекинг откако пред неколку дена изјави пред јапонските прратениците дека кинески напад врз Тајван може да претставува „ситуација што го загрозува постоењето“ и да предизвика воен одговор од Токио.
Кинескиот генерален конзул во Осака, Сјуе Џијан, изјави во саботата дека „немаме друг избор освен да го пресечеме тој валкан врат“. Неговата објава на платформата за социјални медиуми X вклучуваше статија во весникот Asahi за забелешките на Такаичи. Јапонската амбасада во Пекинг потоа поднесе протест до кинескиот заменик-министер за надворешни работи, Сун Веидонг.
Портпаролот на кинеското Министерство за одбрана, Џијанг Бин, рече дека зборовите на јапонската премиерка се исклучително неодговорни и опасни.
„Доколку јапонската страна не учи од историјата и се осмели да преземе ризици или дури и да употреби сила за да се меша во прашањето за Тајван, ќе претрпи пораз од челичната решителност на Народноослободителната армија и ќе плати висока цена“, порача Џијанг во писмена изјава од петокот.
Пекинг го смета Тајван за своја одметната покраина и не ја исклучува употребата на сила за преземање на контролата врз островот. Тајван ги отфрла тврдењата на Пекинг и вели дека само неговиот (кинески) народ може да одлучи за иднината на островот.
Во меѓувреме, јапонската телевизија NTV во петокот објави дека кинеската амбасада во Токио им наредила на своите вработени да избегнуваат излегување поради зголеменото антикинеско расположение.
Портпаролот на јапонската влада, Минору Кихара, го повтори ставот на земјата за Тајван на редовната прес-конференција, кажувајќи им на новинарите дека Токио се надева на мирно решавање на прашањето преку дијалог.
Слични новости
Нетанјаху: Израел ќе остане во тампон-зоната во јужна Сирија
Израел има намера да остане во тампон-зоната во јужна Сирија, изјави премиерот Бенјамин Нетанјаху на состанокот со израелските амбасадори, според извештаите на локалните медиуми
Замир постави нова граница со Појасот Газа
Началникот на Генералштабот на израелската армија, Ејал Замир, изјави дека линијата до која се повлекоа израелските сили сега е новата граница меѓу Израел и палестинските територии
Индонезија се справува со последиците од поплавите во кои загинаа над 900 луѓе
Индонезија се справува со последиците од масовните лизгања на земјиштето и ненадејните поплави предизвикани од циклонот на островот Суматра минатата седмица, при што бројот на жртвите во неделата надмина 900 луѓе


