Кина, Јапонија и Јужна Кореја се согласија заеднички да одговорат на американските царини, објави во понеделникот социјален медиум поврзан со кинеската државна телевизија CCTV.

Договорот дојде откако министрите за трговија на трите земји во неделата го одржаа својот прв економски дијалог во последните пет години, настојувајќи да ја олеснат регионалната трговија додека азиските извозни сили се борат против царините наметнати од САД.

Јапонија и Јужна Кореја бараат да увезуваат полупроводнички суровини од Кина, а Кина во исто време е заинтересирана за купување чипови од Јапонија и Јужна Кореја, објави корисникот Јујуан Тантиан на кинеската социјална мрежа Weibо, пишува Reuters.

Во објавата се наведува дека сите три страни се договориле да ја зајакнат соработката во синџирите на снабдување и повеќе да разговараат за контрола на извозот.

За време на состанокот во неделата, министрите се согласиле да „работат тесно заедно на сеопфатни дискусии на високо ниво“ за договорот за слободна трговија меѓу Јужна Кореја, Јапонија и Кина за промовирање на „регионалната и глобалната трговија“, се вели во соопштението објавено по состанокот.

Министрите се состанаа пред планираното соопштение на американскиот претседалте Доналд Трамп за дополнителни царини во среда, што тој го нарекува „ден на ослободувањето“, а истовремено менувајќи ги трговските партнерства на Вашингтон.

Пекинг, Сеул и Токио се главните трговски партнери на САД, иако тие беа во несогласувања меѓусебно за различни прашања, вклучително и територијални спорови и испуштањето на отпадните води од хаварисаната јапонска нуклеарна централа Фукушима.

globe

Слични новости

Американски сенатори за санкции против Русија доколку ги блокира мировните преговори со Украина

Американски сенатори за санкции против Русија доколку ги блокира мировните преговори со Украина

Половина од американскиот Сенат, 25 републиканци и 25 демократи, во вторникот ги здружија силите за да предложат санкции кои ќе ѝ бидат наметнати на Русија доколку таа одбие да се вклучи во добра волја во мировни преговори со Украина