Населението на Кина се намалило трета година со ред во 2024 година, при што бројот на смртни случаи го надминува бројот на раѓањата, тренд што експертите предвидуваат дека ќе се забрза во наредните години.
Според Националното биро за статистика, населението на Кина се намалило за 1,39 милиони на 1,408 милијарди во 2024 година. Во 2023 година, населението на Кина беше 1,409 милијарди луѓе.
Бројот на починати во 2024 година изнесува 10,93 милиони, а бројот на новороденчиња 9,54 милиони. Една година претходно, овој сооднос изнесуваше 11,1 милиони смртни случаи и 9,02 новороденчиња.
![Глобе Кина население 02](https://mlpilwjrpqeu.i.optimole.com/cb:zVRG.7fa6/w:auto/h:auto/q:mauto/ig:avif/https://globe.mk/wp-content/uploads/2025/01/Глобе-Кина-население-02.avif)
Стапката на наталитет во Кина опаѓа со децении, а како причини се наведуваат кинеската политика за едно дете од 1980 до 2015 година и брзата урбанизација.
Како и во соседните Јапонија и Јужна Кореја, голем број Кинези се преселија од руралните области во градовите каде што е многу поскапо да се одгледуваат деца.
Високите трошоци за грижа за децата и образованието, несигурноста на работата и забавената економија се причините поради кои сè помалку млади Кинези стапуваат во брак и основаат семејства. Браковите се еден од водечките показатели за стапката на наталитет во Кина, каде што многу самохрани мајки имаат потешкотии да пристапат до детски додатоци и други бенефиции поврзани со одгледувањето деца.
Бројот на бракови се зголеми за 12,4 отсто во 2023 година, но тоа се припишува на браковите кои постојано биле одложувани поради пандемијата на коронавирусот, а незначително се зголемил и бројот на новородените, но демографите очекуваат овие бројки повторно да паднат во 2025 година.
Владата затоа се одлучи за демографски мерки кои вклучуваат предмети на колеџите и факултетите поврзани со бракот и „љубовното образование“ со цел да создадат позитивни ставови за бракот, љубовта, плодноста и семејството.
Станува збор и за мерки со коишто би се ширело почитување на бракот и раѓањето деца „на соодветна возраст“.
Имено, бројот на кинески жени во репродуктивна возраст, од 15 на 49 според ОН, се очекува да падне за повеќе од две третини до крајот на векот, на под 100 милиони, додека бројот на пензионери ќе се зголеми од сегашните 280 милиони до 400 милиони до 2035. милиони.
![Глобе Кина население 01](https://mlpilwjrpqeu.i.optimole.com/cb:zVRG.7fa6/w:auto/h:auto/q:mauto/ig:avif/https://globe.mk/wp-content/uploads/2025/01/Глобе-Кина-население-01.avif)
Слични новости
Новиот мандат на Трамп како тест на претседателската моќ
Од својата победа на изборите во ноември Трамп номинираше низа лојалисти за својата претстојна администрација, кои ги повторија неговите жеби за пресметка со неговите критичари.
Новите американски санкции против Русија ги кренаа цените на дизелот
Цените на дизелот остро пораснаа откако САД воведоа санкции врз рускиот нафтен сектор, поттикнувајќи ги предвидувањата за намалена понуда, според аналитичарите и податоците на LSEG
Улогата на Бајден за прекинот на огнот во Газа ја засени Трамп
„Тајм оф Израел“ повикувајќи се на двајца високи арапски преговарачи, објави дека учеството на пратеникот на Трамп Стив Виткоф во преговорите, во една единствена рунда од разговорите направи повеќе за да „го поттикне Нетанјаху“ да го прифати договорот, од притисокот на Бајден во текот на цела една година.