Населението на Кина се намалило трета година со ред во 2024 година, при што бројот на смртни случаи го надминува бројот на раѓањата, тренд што експертите предвидуваат дека ќе се забрза во наредните години.

Според Националното биро за статистика, населението на Кина се намалило за 1,39 милиони на 1,408 милијарди во 2024 година. Во 2023 година, населението на Кина беше 1,409 милијарди луѓе.

Бројот на починати во 2024 година изнесува 10,93 милиони, а бројот на новороденчиња 9,54 милиони. Една година претходно, овој сооднос изнесуваше 11,1 милиони смртни случаи и 9,02 новороденчиња.

Стапката на наталитет во Кина опаѓа со децении, а како причини се наведуваат кинеската политика за едно дете од 1980 до 2015 година и брзата урбанизација.

Како и во соседните Јапонија и Јужна Кореја, голем број Кинези се преселија од руралните области во градовите каде што е многу поскапо да се одгледуваат деца.

Високите трошоци за грижа за децата и образованието, несигурноста на работата и забавената економија се причините поради кои сè помалку млади Кинези стапуваат во брак и основаат семејства. Браковите се еден од водечките показатели за стапката на наталитет во Кина, каде што многу самохрани мајки имаат потешкотии да пристапат до детски додатоци и други бенефиции поврзани со одгледувањето деца.

Бројот на бракови се зголеми за 12,4 отсто во 2023 година, но тоа се припишува на браковите кои постојано биле одложувани поради пандемијата на коронавирусот, а незначително се зголемил и бројот на новородените, но демографите очекуваат овие бројки повторно да паднат во 2025 година.

Владата затоа се одлучи за демографски мерки кои вклучуваат предмети на колеџите и факултетите поврзани со бракот и „љубовното образование“ со цел да создадат позитивни ставови за бракот, љубовта, плодноста и семејството.

Станува збор и за мерки со коишто би се ширело почитување на бракот и раѓањето деца „на соодветна возраст“.

Имено, бројот на кинески жени во репродуктивна возраст, од 15 на 49 според ОН, се очекува да падне за повеќе од две третини до крајот на векот, на под 100 милиони, додека бројот на пензионери ќе се зголеми од сегашните 280 милиони до 400 милиони до 2035. милиони.

globe

Слични новости

Израел и Хамас договорија примирје во Газа и ослободување на заложниците

Израел и Хамас договорија примирје во Газа и ослободување на заложниците

Трамп прв ги потврди извештаите за постигнатото примирје, и ги претрка Белата куќа и Катар. Тој ги презеде заслугите за договорот и порача дека тоа можело да се случи само како резултат на „нашата историска победа во ноември“.

Гренланд го привлекува вниманието, откако Трамп повтори дека го посакува како дел од САД

Гренланд го привлекува вниманието, откако Трамп повтори дека го посакува како дел од САД

Најголемиот остров во светот Гренланд, се најде во центарот на глобалното внимание поради идејата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да ги прекрои границите на западната хемисфера

Царини : Дострелите и ограничувањата

Царини : Дострелите и ограничувањата

Ако Трамп опстои на својот став да воведе царини, добра вест за остатокот од светот е дека економската цена ќе ја платат главно самите Американци. Тоа е аксиома во економијата, загубите што ги носат протекционистичките мерки се натрупуваат на страната што ги воведува.