
Од 4-ти март САД ќе воведат дополнителни 10 проценти царина за увоз на стоки од Кина, објави Белата куќа. Официјален Пекинг најави реципрочни мерки.
„ Доколку САД инсистираат да го следат овој пат, Кина ќе одговори со сите неопходни мерки за да ги заштити своите легитимни права и интереси“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи.
Агенцијата Блумберг потсетува дека во февруари Вашингтон веќе воведе царина од 10 насто за увоз на стоки од Кина и дека сега станува збор за дополнителни 10 проценти царина.
Иако според економистите царините на Трамп ќе имаат мал ефект врз економскиот раст на Кина, овие акции на Белата куќа може да доведат до деструктивна трговска војна, предупредува Булмберг.
И ЕУ се закани дека ќе одговори со реципрочни мерки на американските царини за челикот и алуминиумот.
Слични новости
Германскиот производител на оружје го престигна VW по пазарна капитализација
Најголемиот европски производител на оружје „Rheinmetall“ го престигна водечкиот европски производител на автомобили „Volkswagen“ (VW) по пазарна капитализација во четвртокот на бранот побарувачка за акции во компаниите во секторот, предизвикан од најавата за повисоки трошоци за одбраната во Европа
Нафтата поевтини кон 70 долари
Цените на нафтата паднаа до 70 долари на меѓународните пазари во четвртокот, бидејќи инвеститорите беа преокупирани со најавите за нови царини, засенувајќи ги знаците за поголема побарувачка во САД
Трамп се закани со царини од 200 отсто за алкохолите, ако ЕУ не ги укине царините за виски
Американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот изјави дека ќе воведе царини од 200 отсто за сите вина и други алкохолни производи од Европската унија, доколку Унијата не ги укине царините за американското виски