Кина повторно ги истисна Соединетите држава од позицијата најголем трговски партнер на Германија во првите осум месеци од 2025 година, враќајќи се на првото место откако повисоките царини влијаеја врз германскиот извоз во САД, покажаа прелиминарните податоци од германскиот федерален завод за статистика.
Според проценка на Reuters, трговијата на Германија со Кина од јануари до август вредела 163,4 милијарди евра, а со САД 162,8 милијарди.
Со тоа што станаа најголем трговски партнер на Германија во 2024 година, САД ја завршија осумгодишната доминација на Кина. Промената дојде откако Германија се обиде да ја намали својата зависност од Кина, при што Берлин ги наведе политичките разлики и го обвини Пекинг за нефер трговски практики.
Сепак, ситуацијата повторно се промени со враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа и повторното воведување на царини.
Царините го намалија германскиот извоз во САД, кој падна за 7,4 отсто во првите осум месеци од оваа година во споредба со 2024 година, на 99,6 милијарди евра. Во август, извозот во САД се намали за 23,5 отсто на годишно ниво, што покажува дека трендот се забрзува.
„Нема сомнение дека царинската и трговската политика на САД е важна причина за падот на продажбата“, изјави Дирк Јандура, претседател на германското здружение за надворешна трговија BGA.
Јандура рече дека побарувачката на САД за класични германски извозни стоки, како што се автомобили, машини и хемикалии, опаднала.
Со моменталната закана од царини и зајакнувањето на еврото, германскиот извоз во САД веројатно нема да се опорави во скоро време, според Карстен Брзески, глобален раководител на макроекономијата во ING.
Извозот во Кина се намалил уште поостро од извозот во САД, паѓајќи за 13,5 отсто на годишно ниво на 54,7 милијарди евра во првите осум месеци од 2025 година. Спротивно на тоа, увозот од Кина се зголеми за 8,3 отсто на 108,8 милијарди евра.
„Обновеното зголемување на увозот од Кина е загрижувачко, особено затоа што податоците покажуваат дека увозот доаѓа по дампинг цени“, рече Брзески, предупредувајќи дека ова ја зголемува зависноста на Германија од Кина и може да влијае и на тензиите во клучните индустрии каде што Кина стана главен ривал.
Слични новости
Секоја четврта продавница не издава фискални сметки
До крајот на ноември годинава, Управата за јавни приходи (УЈП) спровела околу 4.000 контроли за регистрирање на готовинскиот промет, што претставува зголемување за 2,5 пати во однос на истиот период минатата година
Доларот падна во однос на кошничка валути втора седмица по ред
На светските пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничка валути падна минатата седмица, втора по ред, бидејќи инвеститорите веруваат дека американската централна банка ќе ги намали клучните каматни стапки следната седмица
Раст на светските берзи, се чека намалување на каматните стапки во САД
Цените на акциите на светските берзи пораснаа минатата седмица, втора по ред, благодарение на верувањето на инвеститорите дека американската централна банка ќе ги намали каматните стапки следната седмица


