Кина планира да потроши 7,2 отсто повеќе пари за војската оваа година, според нацрт-буџетот претставен во средата на Националниот народен конгрес, а Пекинг исто така објави дека целта за економски раст за оваа година е повторно пет отсто.
Зголемувањето на буџетот за одбрана на 245 милијарди долари беше најавено на отворањето на конгресот во Пекинг. За истиот процент кинеската влада и ладни го зголеми воениот буџет. Кина, по САД, има втор најголем буџет за одбрана во светот.
Претседателот Си Џинпинг, откако ја презеде функцијата во 2013 година, се залага за темелна модернизација на војската, со цел да се создаде војска од „светска класа“ до 2049 година, која ќе ги штити нејзините основни интереси.

Одлуката на Пекинг да ги зголеми трошоците за одбрана дојде во услови на тензии со Тајван и експанзивните – и спорни – територијални претензии на Кина во Јужното Кинеско Море.
Пекинг смета дека демократскиот остров во Тихиот Океан е дел од својата територија, но Тајван има независна влада од 1949 година.
Си во неколку наврати јасно стави до знаење дека не сака да го одложува обединувањето на неодредено време и дека, доколку е потребно, има намера тоа да го постигне со сила. Неодамна, Пекинг го зголеми воениот притисок врз Тајван со прибегнување кон обемни поморски маневри во близина на неговиот брег. Како дел од овој притисок, кинеските борбени авиони постојано навлегуваат во тајванскиот воздушен простор.
Кинеските сили, исто така, редовно се судираат со Филипините поради територијални претензии во Јужното Кинеско Море. Неодамнешните кинески воени вежби кои вклучуваа вежби со жив оган во меѓународните води во близина на Австралија и Нов Зеланд предизвикаа загриженост во регионот.
На почетокот на Националниот народен конгрес, кинеската влада објави дека има намера да ја задржи целта за економски раст на околу 5 отсто трета година по ред.
Со оглед на актуелните спорови на Пекинг со меѓународните трговски партнери, вклучително и САД, набљудувачите ја сметаат оваа цел амбициозна, а кога станува збор за бројките за домашната потрошувачка, тие се прилично слаби.
Додека критичарите се сомневаат во точноста на кинеските економски податоци, целта за економски раст сепак се смета за важен показател за насоката на економската политика на владата.
Слични новости
Мицотакис направи реконструкција на Владата, Герапетритис останува шеф на дипломатијата
Промени во неколку Министерства меѓу кои и оние за национална економија и финансии, за инфраструктура и транспорт, за енергетика, за миграција итн, направи грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, додека пак Јоргос Герапетритис и Никос Дендиас се меѓу министрите кои останаа на нивните позиции, односно во Министерствата за надворешни работи и за национална одбрана
Венс: Би бил шокиран доколку Трамп сака нуклеарно оружје подалеку на истокот на Европа
Американскиот потпретседател ЏејДи Венс изјави во четвртокот дека би бил шокиран доколку претседателот Доналд Трамп би сакал нуклеарното оружје на САД да биде преместено понатаму на истокот во Европа кон границите на Русија.
За Зеленски „манипулација“ е реакцијата на Путин на понудата за прекин на огнот
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги окарактеризира условите поставени од рускиот претседател Владимир Путин за да се согласи за прекин на огнот како „манипулација