Кина се обидува да го смени начинот на кој го финансира развојот на својата технолошка индустрија и да го искористи огромниот домашен пазар на капитал вреден 28 билиони долари во трката за доминација во вештачката интелигенција со САД.

Пекинг сака приватниот капитал и берзата да го финансираат развојот на стратегиските технологии, наместо да се потпира врз државните субвенции и државни вложувања како што беше досега, наведува Блумберг во најновата анализа.

Симболот на оваа нова ера стана производителот на мемориски чипови CMXT кој по излегувањето на берзата во Шангај забележа скок на акциите од над 500 насто за само неколку часа.

Слични новости

Трамп ја обвини Канада за огромни давачки, откако пропаднаа трговските преговори меѓу двете земји

Трамп ја обвини Канада за огромни давачки, откако пропаднаа трговските преговори меѓу двете земји

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ја обвини Канада дека со години наплаќала огромни царини на американските земјоделски продукти и најави дека сега доаѓа крајот на таквата практика.