Кина објави рекордни бројки за извозот во 2025 година, во која царините и трговските политики на Доналд Трамп предизвикаа потрес во светската трговија.

И покрај тоа, Пекинг извести за најголемиот трговски суфицит досега забележан во светот, кој изнесува 1,19 трилиони долари.

Ова е првпат кинескиот трговски суфицит во една година да надмине трилион долари, откако досегашниот рекорд беше 993 милијарди долари во 2024.

Месечниот суфицит надминал 100 милијарди долари седумпати минатата година, што значи дека царините на Трамп не ја погодиле многу кинеската трговија со остатокот од светот. Трговската размена со САД ослабнала, но затоа пораснал извозот во Југоисточна Азија, Африка и Јужна Америка.

Послабиот јуан, силната понуда на стоки и инфлацијата во западните земји го направија кинескиот извоз попривлечен. Неколку земји изразија загриженост дека нивните пазари се преплавени со евтини кинески производи со кои не можат да се натпреваруваат.

Слични новости