Кина од Први мај сосема ќе ги укине царините на увоз од 53 африкански земји со кои има дипломатски односи, пренесоа кинеските државни медиуми.

Пекинг истовремено ќе ги продолжи преговорите за натамошен пристап на африкански стоки на кинескиот пазар низ надградени механизми, вклучувајќи и таканаречен „зелен канал“.

Укинувањето на царините и иницјативата за засилена трговска соработка е дел од стратегијата на Кина за засилување на односите со Африка, пренесува Ројтерс.

Слични новости

Европските индекси во плус, паднаа цените на нафтата и златото

Европските индекси во плус, паднаа цените на нафтата и златото

Европските берзански индекси денеска се во плус, а паднаа цените на нафтата и златото, додека во фокусот на инвеститорите покрај добивките на големите компании, се прелиминарните податоци за економскиот раст во еврозоната во последниот квартал на 2025.