Кинескиот премиер Ли Џијанг му предложил на германскиот канцелар Фридрих Мерц поблиска соработка на двете земји во стратегиските индустрии.
„Кина и Германија се важни економски и трговски партнери. Нашите две влади треба да работат на зајакнување на дијалогот и комуникацијата за да се решат недоразбирањата“ му рекол Џијанг на Мерц за време на нивниот состанок во Јоханесбург, пренесува Ројтерс.
Кина изразила подготвеност да соработува со Германија за да се искористат развојни можности во области како што се нова енергија, смарт производство, биомедицина, технологија на хидрогенска енергија и автоматско возење, истакнал Ли.
И покрај недоразбирањата поради поддршката на Пекинг на Москва, како и критиките на Берлин на сметка на човековите права во Кина и државно субвенционираната индустриска политика, двете земји останаа во поволни трговски односи.
Кина минатата година купи стоки од Германија во вредност од 82,4 милијарди евра, а Германија увезе стоки од Кина во вредност од 92,8 милијарди евра.
Се очекува германскиот премиер Фридрих Мерц наскоро да ја посети Кина, каде што би требало да има средба и со кинескиот претседател Си Џинпинг.
Слични новости
Пазарот на криптовалутите се опоравува
Вредноста на биткоинот денеска порасна за 4,64 насто и изнесува 78.816 евра, што укажува на продолжување на опоравувањето на криптовалутите, по големиот пад во понеделникот.
Десет големи европски банки правата нова стабилна криптовалута врзана за еврото
Десет големи европски банки постигнаа договор преку заедничката фирма Кивалис да создадат нова стабилна криптовалута (Стејблкоин) врзана за еврото за да создадат алтернатива на американските криптовалути
Стелантис го намалува производството
Според проценките на синдикатите производството во пет француски фабрики за склопување автомобили се очекува да падне за околи 11 проценти меѓу 2025 и 2028 година.


