Кинескиот премиер Ли Џијанг му предложил на германскиот канцелар Фридрих Мерц поблиска соработка на двете земји во стратегиските индустрии.

„Кина и Германија се важни економски и трговски партнери. Нашите две влади треба да работат на зајакнување на дијалогот и комуникацијата за да се решат недоразбирањата“ му рекол Џијанг на Мерц за време на нивниот состанок во Јоханесбург, пренесува Ројтерс.

Кина изразила подготвеност да соработува со Германија за да се искористат развојни можности во области како што се нова енергија, смарт производство, биомедицина, технологија на хидрогенска енергија и автоматско возење, истакнал Ли.

И покрај недоразбирањата поради поддршката на Пекинг на Москва, како и критиките на Берлин на сметка на човековите права во Кина и државно субвенционираната индустриска политика, двете земји останаа во поволни трговски односи.

Кина минатата година купи стоки од Германија во вредност од 82,4 милијарди евра, а Германија увезе стоки од Кина во вредност од 92,8 милијарди евра.

Се очекува германскиот премиер Фридрих Мерц наскоро да ја посети Кина, каде што би требало да има средба и со кинескиот претседател Си Џинпинг.

 

 

Слични новости

Благ раст на европските берзи

Благ раст на европските берзи

На европските берзи, индексите пораснаа во претпладневното тргување во петокот, најмногу благодарение на растот на цените на акциите во рударскиот сектор, додека инвеститорите внимателно чекаат нови податоци за инфлацијата во САД