Кина остана на врвот на глобалното рангирање во однос на скокот на продажбата на електрични возила во февруари, при што Европа и Северна Америка исто така забележаа двоцифрен раст, објави во средата истражувачката компанија Rho Motion.

Во февруари на пазарите ширум светот се продадени вкупно 1,2 милиони електрични автомобили, што е за 49 отсто повеќе во однос на истиот месец минатата година, пресметале во Rho Motion, истакнувајќи дека резултатот бил под влијание на резултатите во Кина.

Во споредба со јануари, глобалната продажба е намалена за три процента, открива Rho Motion.

Поради новогодишните празници, кои паднаа во јануари оваа година, продажбата во Кина во февруари скокна за 76 отсто, што е околу двојно посилно од претходните два месеца.

Во Европа е зголемена за 19 отсто во споредба со февруари минатата година, пресметал Rho Motion, истакнувајќи дека двоцифрена стапка на раст е забележана и во јануари, кога стапија на сила целите на ЕУ за нулта емисија на штетни гасови. Во такви услови, продажбата во Германија скокнала за 40 отсто во првите два месеца од оваа година.

Северноамериканскиот пазар пораснал за 17 отсто во февруари, но Rho Motion најверојатно ќе ги намали годишните прогнози за САД поради ставот на американскиот претседател Доналд Трамп за електрификацијата, истакна Чарлс Лестер, менаџер на Rho Motion Data.

globe

Слични новости

Трамп ги удвои царините за канадските метали

Трамп ги удвои царините за канадските метали

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот ги удвои планираните тарифи за сите производи од челик и алуминиум што доаѓаат во САД од Канада на 50 отсто, како одговор на потегот на провинцијата Онтарио

Нафтата поскапе кон 70 долари

Нафтата поскапе кон 70 долари

Цените на нафтата се искачија во вторник на меѓународните пазари до 70 долари, бидејќи послабиот американски долар ја поддржа побарувачката, засенувајќи ги стравувањата дека бранот царини може да предизвика рецесија во САД