Кина соопшти дека постигнала договор со Европската унија за извозот на електричните возила произведени во Кина на пазарот на ЕУ. Министертсвото за трговија на Кина наведе дека ЕУ ќе издаде насоки за минималните цени за кинеските извозници на автомобили.

Не е соопштено дали договорот подразбира и укинување или намалување на царините од 35,3 насто, кои ЕУ ги воведе во 2024 на увозот на кинеските електрични возила.

Кинеската држава овие царини ги субвенционира, па Брисел смета дека кинеските производители извезуваат по нечесни, дампинг цени.

САД имаат воведено царина од 100 насто на алектричните автомобили произведени во Кина.  

Слични новости

Пазарите на криптовалутите во екстремен страв,биткоинот под 57 000 евра

Пазарите на криптовалутите во екстремен страв,биткоинот под 57 000 евра

Индексот на страв и лакомост за биткоин се наоѓа на нивото 8 во категоријата „екстремен страв“, уште полошо во однос на вчерашниот индекс 10, што сугерира дека сентиментот на пазарот на криптовалутите е исклучително лош.