Кинеската амбасада во Вашингтон, по повикот на американскиот претседател Доналд Трамп Кина да престане да купува руска нафта, соопшти дека Пекинг го отфрла притисокот и принудата и дека се залага за почитување на нејзината соработка со Русија.

Кинеската амбасада соопшти дека Кина е подготвена за трговска војна со САД, но и дека останува отворена за преговори. „Кина цврсто отфрла било какви незаконски еднострани санкции, проширување на јурисдикцијата и секаков облик на присила и принуда“ порача портпаролот на кинеската амбасада во Вашингтон Лиу Пенгју.

Трамп во средата изјави дека индискиот премиер Нерендра Моди му рекол дека Индија ќе го прекине увозот на руската нафта и порача дека сега мора да се натера и Кина да донесе таква одлука  за санкциите врз Москва да имаат вистински ефект.

Слични новости

Рафинеријата за нафта во Панчево го започна процесот на затварање на производствените капацитети

Рафинеријата за нафта во Панчево го започна процесот на затварање на производствените капацитети

Рафинеријата за нафта Панчево вчера го започна процесот на затворање на производствените капацитети поради недостиг на сурова нафта за преработка, што е резултат на санкциите што Министерството за финансии на САД ги воведе врз НИС.