Кинеската амбасада во Вашингтон, по повикот на американскиот претседател Доналд Трамп Кина да престане да купува руска нафта, соопшти дека Пекинг го отфрла притисокот и принудата и дека се залага за почитување на нејзината соработка со Русија.
Кинеската амбасада соопшти дека Кина е подготвена за трговска војна со САД, но и дека останува отворена за преговори. „Кина цврсто отфрла било какви незаконски еднострани санкции, проширување на јурисдикцијата и секаков облик на присила и принуда“ порача портпаролот на кинеската амбасада во Вашингтон Лиу Пенгју.
Трамп во средата изјави дека индискиот премиер Нерендра Моди му рекол дека Индија ќе го прекине увозот на руската нафта и порача дека сега мора да се натера и Кина да донесе таква одлука за санкциите врз Москва да имаат вистински ефект.
Слични новости
Секоја четврта продавница не издава фискални сметки
До крајот на ноември годинава, Управата за јавни приходи (УЈП) спровела околу 4.000 контроли за регистрирање на готовинскиот промет, што претставува зголемување за 2,5 пати во однос на истиот период минатата година
Доларот падна во однос на кошничка валути втора седмица по ред
На светските пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничка валути падна минатата седмица, втора по ред, бидејќи инвеститорите веруваат дека американската централна банка ќе ги намали клучните каматни стапки следната седмица
Раст на светските берзи, се чека намалување на каматните стапки во САД
Цените на акциите на светските берзи пораснаа минатата седмица, втора по ред, благодарение на верувањето на инвеститорите дека американската централна банка ќе ги намали каматните стапки следната седмица


