Кинеските компании ќе купат помалку машини за производство на чипови во 2025 година, бидејќи создадоа вишок во изминатите три години во очекување на построги американски извозни ограничувања, објави во средата консултантската компанија „TechInsights“.
Кина е најголемиот купувач на машини за производство на чипови најмалку во последните две години, со набавна вредност од 41 милијарда долари и 40 отсто удел во глобалната продажба во 2024 година, соопшти канадска истражувачка фирма за полупроводници.

Во 2025 година, трошењето на Кина за машини се очекува да се намали првпат од 2021 година, на 38 милијарди долари, со учество во глобалната трговија од само 20 отсто, вели аналитичарот на „TechInsights“, Борис Методиев.
„Гледаме мало забавување на кинеската потрошувачка поради извозните контроли и вишокот капацитети“, истакнува Методиев.
Кина беше глобален двигател на растот во глобалниот сектор на опрема за производство на полупроводници во 2023 и 2024 година, во услови на пад на повеќето пазари поради послабата побарувачка на потрошувачка електроника.
Бројни кинески компании ја забрзаа набавката на машини за да обезбедат снабдување поради американските санкции.
Кинеските производители на чипови развија нови производи и покрај обидите на Вашингтон да ги спречи, при што SMIC и „Huawei“ минатата година произведоа софистицирани полупроводници, користејќи поскапи и потешки техники.
Тие, исто така, значително го зголемија производството на полупроводници од постарата генерација, драстично зголемувајќи го производствениот капацитет и преземајќи го пазарниот удел од тајванските конкуренти.
Во такви услови, најголемиот кинески производител SMIC предупреди во средата на ризикот од прекумерна понуда во оваа категорија полупроводници.
Водечките кинески производители на машини, вклучително и „Naura Technology Group“ и AMEC, паралелно ги освојуваат пазарите ширум светот, а „Naura“ сега е на седмото место во светот според продажбата, забележа аналитичарот од канадската консултантска фирма.
„Кина презема конкретни мерки за максимално да ја покрие побарувачката на машини со домашно производство, а нејзина најголема слабост остануваат системите за литографија и алатките за тестирање и монтажа на чипови“, појаснува Методиев.
Најголемиот светски производител на литографски машини холандскиот ASML, додаде тој, истакнувајќи дека уделот на домашно произведените алатки за тестирање и склопување чипови во Кина во 2023 година бил само 17 и 10 проценти, соодветно.
Слични новости
Пад на Волстрит пред состанокот на централна банка
На Волстрит цените на акциите значително паднаа во вторникот, по двата дена раст, бидејќи инвеститорите не сакаа да преземаат ризици пред состанокот на челниците на американската централна банка
Аеродромот во Франкфурт сè уште го брка нивото пред пандемијата
Аеродромот во Франкфурт значително ги зголеми приходите минатата 2024 година, со поголем број патници, објави во вторникот операторот „Fraport“, проценувајќи дека трендот на раст ќе продолжи оваа година, но сепак ќе биде значително под нивото пред пандемијата
Доларот тоне, нов рекорд на златото
ндексот на доларот, кој ги мери перформансите на зелената банкнота во однос на шесте главни светски валути, во вторникот претпладнето изнесуваше 103,44 поени и сѐ уште се движи близу петмесечниот минимум