Кинескиот премиер Ли Кианг потпиша декрет за спроведување нови прописи кои ќе го зајакнат одговорот на Кина на санкциите, соопшти владата во понеделникот.
Во 2021 година Кина усвои закон кој овозможува странците и странските субјекти вклучени во донесувањето или спроведувањето дискриминаторски мерки против кинеските граѓани и субјекти да бидат вклучени во списокот на можни протимерки, како што се забрани за влез и протерување. Нивниот имот во Кина може да биде запленет или замрзнат, а исто така може да им биде забрането да работат со кинески граѓани и компании.

Новите регулативи ги детализираат секторите во кои може да им се забрани влез на странски поединци и организации, а вклучуваат образование, наука и технологија, правни услуги, заштита на животната средина, економија и трговија, култура, туризам, здравство и спорт.
Регулативите, исто така, прецизираат какви чекори може да преземе кинеската влада како дел од противмерките, како што се забрана или ограничување на увозот и извозот на стоки и технологија.
САД и Европската унија воведоа серија ограничувања на трговијата со Кина последниве години, а исто така се обидуваат да ги ограничат кинеските инвестиции. Така, ЕУ воведе дополнителни царини за увоз на електрични автомобили произведени во Кина и отвори серија истраги за понудите на кинеските компании во постапките за јавни набавки.
Кинескиот технолошки гигант „Huawei“ е исклучен од секакво купување опрема за мобилни мрежи, а Германија ги заостри регулативите за кинеските компании кои влегуваат во сопственичката структура на компании, како што се производители на роботи и пристанишни терминали. Од друга страна, САД неодамна воведоа дополнителни царини од 20 отсто за увоз на кинески стоки.
Кина, пак, одговори со контрацарини и го ограничи извозот на минерали како галиум и германиум. Сега, новите прописи треба да му овозможат на Пекинг да одговори на кршењето на правото на Кина на развој, нагласуваат кинеските власти.

Слични новости
Украина го преиспитува нацрт-договорот за ретки минерали, Москва преговара со Вашингтон за руските ресурси
Додека Украина не е задоволна од новиот американски нацрт-договор за ретките минерали, Русија објави дека почна заеднички проекти со САД за нејзините рудните ресурси
Премиерот на Гренланд порача дека САД нема да го преземат островот
Соединетите држави нема да го преземат Гренланд, објави премиерот Јенс-Фредерик Нилсен во објава на Faceebok како одговор на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп
Трамп се закани со „бомбардирање“ на Иран доколку не се постигне нуклеарен договор
Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата му се закани на Иран со бомбардирање и секундарни царини доколку Техеран не постигне договор со Вашингтон за неговата нуклеарна програма