Кинеското министрство за трговија соопшти дека врши „целосна проценка“ на пресудата со која Врховниот суд на Соединетите Американски Држави минатата недела ги укина царините што САД ги воведоа за голем број на земји и го повика Вашингтон да ги укине „едностраните царински мерки“ кон своите трговски партнери.

Едностраните царини на САД ги кршат меѓународните трговски правила и домашните закони на САД и не се во интерес на ниту една страна.

Соработката меѓу Кина и САД е корисна за двете страни, но борбата е штетна, нагласува кинеското министерство за трговија.

Пекинг соопшти дека „внимателно ќе продолжи да го следи развојот на состојбата со царините во САД“ и дека цврсто ќе ги штити сопствените интереси.

 

Слични новости

Акциите на Мета пораснаа за 10 насто

Мета во четвртиот квартал на 2025 оствари добивка од 8,88 долари по акција, над проценките на аналитичарите, додека приходите достигнаа 59,89 милијарди долари, исто така над очекувањата, пренесува ЦНБЦ.

Лукоил ги продава странските имоти на американската компанија Карлајл

„Лукоил“ објави дека ќе ги продаде своите странски имоти на американската инвестициска група „Карлајл“, неколку месеци откако САД воведоа санкции против втората по големина руска нафтена компанија, заедно со „Роснефт“.