Кина ги претекна САД како главен трговски партнер на Германија, покажуваат податоците на германскиот Сојузен завод за статистика, додека канцеларот Фридрих Мерц се подготвува за првата посета на Пекинг од стапувањето на должноста, пренесува Гардијан.

Мерц ќе отпатува во Кина во вторник, а ќе има средби со премиерот Ли Чијанг и претседателот Си Џинпинг.

Германскиот завод за статистика објави дека Кина е најважен твровски партнер и пазар за Германија со трговија во 2025 која изнесува над 251 милијарди евра.

Ова е зголемување за 2,2 насто во однос на претходната година, со што Пекинг го презеде приматот од САД.

Слични новости

Британски Шел ја забележа најслабата квартална добивка во изминатите пет години поради ниските цени на нафтата

Вкупната заработувачка на Шел во 2025 изнесува 18,5 милијарди долари, што е значаен пад во однос на минатата година кога беше остварен профит од 23,7 милијарди долари.