На полноќ во средата (17 часот во вторник по средноевропско време), Кина влезе во Годината на змијата и започна долгата прослава на Лунарната Нова година.

Кинеската Нова година, позната и како Пролетниот фестивал, се заснова на традиционалниот лунарен календар и затоа се одржува на различни датуми секоја година, на крајот на јануари или на почетокот на февруари. Се слави и во други азиски земји како Виетнам, Сингапур, Јужна Кореја, Малезија, Тајван и Индонезија.

 

За време на празникот, кој трае неколку дена, повеќето продавници и канцеларии се затворени, а стотици милиони жители патуваат низ Кина за да прослават во своите родни места. Кинеското Министерство за транспорт очекува околу 510 милиони патници со железница и 90 милиони со авион оваа година.

На многу места се слави со огномет, а во поголемите градови и со претстави со дронови. Кинезите ги следат прославите и дома, на телевизија, а се смета дека станува збор за едни од најгледаните програми во светот.

Кина излегува од Годината на змејот и влегува во Годината на змијата, која во својата традиција претставува мудрост, интуиција и приспособливост. Симболот на змејот е еден од најпопуларните меѓу Кинезите, па многу родители имале за цел нивните деца да се родат во овој знак. Во Годината на змијата често се забележуваат помалку раѓања.

globe

Слични новости

Човештвото најблиску до уништувањето

Човештвото најблиску до уништувањето

Часовникот на Судниот ден, кој симболизира колку е блиску човештвото до уништувањето, е поместен за една секунда нанапред до 89 секунди до полноќ, најблиску од кога и да е досега