Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ја повика војската на неговата земја да ги фокусира сите напори на завршување на воените подготовки, пренесуваа во понеделник западните агенции пшовикувајќи се на севернокорејската државната новинска агенција KCNA.
Според наводите на германската агенција dpa, KCNA објавила дека Ким го опишал Корејскиот полуостров како „најголемата жариште на светот“ во говорот пред командантите на баталјоните во Пјонгјанг во петокот.
Ким, исто така, ги обвинил САД и Јужна Кореја дека ги доведоа тензиите на полуостровот „до најлошата фаза во историјата“, пишува натаму dpa.
Во саботата, весниот Financial Times објави, повикувајќи се на свои извори, дека Северна Кореј во моментов наводно ја помага Русија во војната против Украина не само со испраќање војници и муниција, туку и со тешка артилерија.
Според извештајот на британскиот весник, околу 50 самоодни хаубици „M1989 Koksan“ и речиси 20 повеќецевни ракетни фрлачи од Северна Кореја пристигнале во Русија во последните седмици.
Американскиот Стејт департмент неодамна тврдеше без прижање докази дека наводно „илјадници“ севернокорејски војници активно се борат заедно со руските сили во пограничниот регион во близина на Курск, каде што се ангажирани против украинските трупи.
Извештаите на јужнокорејското разузнавање дополнително сугерираат дека Северна Кореја на водно распоредила повеќе од 10.000 војници во Русија, покрај снабдувањето на руските сили со артилериска муниција.
Растечката воена соработка меѓу двете земји е зацврстена со неодамна потпишаниот договор кој вклучува меѓусебен одбранбен сојуз.
Слични новости
Белгија добива влада по месеците преговори
Во земјата каде што федералните влади се традиционално коалициски влади, политичките партии постојано одбиваат да соработуваат со партијата Фламански интерес
Италијански суд повторно го блокираше притворањето мигранти во Албанија
Судот во Рим во петокот нареди група мигранти затворени во камповите во Албанија да бидат префрлени во Италија, велат изворите на Reuters, што е...
Бела куќа: Од сабота на сила стапуваат царините за Канада, Мексико и Кина
Американските царини за Канада, Мексико и Кина ќе стапат на сила во сабота, изјави во петокот портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит