Фудбалерите на Ливерпул синоќа забележаа сосема неочекуван пораз од последно пласираиот и отпишан Вулверхемптон од 2:1.

Вулвси го дадоа победоносниот гол во четвртата минута од судиското надополнување, што е дури осми гол што го прима ЛИверпул во судиското надоместување на времето.

Головите примени по 90-тата минута покажуваат проблеми во играта, но и пад на концентрацијата на тимот во клучните моменти од натпреварот.

Ливерпул во моментов се наоѓа на петтата позиција во Премиер лигата со 48 бодови, три помалку од Астон Вила која е во зоната на квалификации за Лигата на шампионите, но и која има натпревар помалку.

Слични новости