Ливерпул никако да излезе од кризата. Вечерва на нивниот Енфилд одиграа само 1:1 со Сандерленд и се подалеку се од борбата за одбрана на титулата, затоа што водечкиот Арсенал им се одлепи на цели 11 бодови предност.

Првото полувреме мина во изедначена игра без шанси, а во 67-та минута од натпреварот по грешка на Ван Дајк Талби го доведе Сандерленд во водство од 0:1. Ливерпул израмни на 1:1 со првенецот во Премиер лигата на германскиот интернационалец Флоријан Вирц во 81-та минута од натпреварот.

Во вториот натпревар од 21 и 15, Лидс го изненади фаворитот Челси и славеше со 3:1. Лидс поведе со 2:0 уште на полувремето, Челси намали на 2:1, но во 72-та минута мечот го реши Калверт Луин. Ова беше прв пораз на Челси по седум натпревари.

Слични новости

Турција: 29 играчи уапсени за обложување

Турција: 29 играчи уапсени за обложување

Турските власти наредија во петокот апсење на 46 лица, вклучувајќи 29 фудбалери, како дел од широката истрага за местење натпревари, соопштија обвинителите во Истанбул