Украина воведе санкции за поранешниот претседател и сега опозициски политичар Петро Порошенко, замрзнувајќи го неговиот имот и забрана за повлекување на капиталот од земјата, се вели во претседателскиот декрет објавен во четвртокот.

Порошенко е еден од најбогатите луѓе во Украина и ја предводи најголемата опозициска партија во украинскиот парламент – Опозиска платформа – За животот.

Во декретот не е наведено зошто се воведени санкциите, но претседателот Володомир Зеленски претходно рече дека неговиот Совет за безбедност ќе воведе санкции против оние лица кои ја поткопуваат националната безбедност на Украина.

„Милијардите заработени од продажбата на украинските интереси и украинската безбедност мора да бидат блокирани и овие луѓе мора да бидат принудени да работат за да ги заштитат Украина и Украинците“, објасни Зеленски тој.

Советот најави и санкции против затворениот тајкун Игор Коломојски, поранешен косопственик на „PrivatBank“, Генадиј Богољубов, Виктор Медведчук, близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин и бизнисменот Константин Жевах.

Порошенко, кој доцна во средата објави дека украинските власти вовеле санкции против него, го обвини Зеленски за неуставен и политички мотивиран потег. 59-годишниот кондиторски магнат, понекогаш наречен „чоколаден крал“, го смета Зеленски за долгогодишен политички ривал.

Пред Русија да ја нападне Украина, Порошенко беше под неколку криминални истраги за неговата деловна империја, но тој секогаш негираше дека сторил нешто лошо.

Санкциите дојдоа во услови на знаци на зголемена активност во главно заспаниот украински политички пејзаж, бидејќи напорите на актуелниот американски претседател Доналд Трамп да ја прекине војната со Русија ја отвори можноста за скорешни избори, кои беа одложени во услови на војната.

Поради воената состојба во Украина, која е во сила откако Русија започна целосна инвазија на земјата во февруари 2022 година, изборите се забранети. Во спротивно, мандатот на актуелниот украински претседател веќе ќе беше завршен во мај минатата година.

globe

Слични новости

Данска порачува дека САД не може да го анектираат Гренланд

Данска порачува дека САД не може да го анектираат Гренланд

Министерот за надворешни работи на Данска Ларс Локе Расмунсен изјави дека Гренланд не може да биде анектиран од никого, реагирајќи на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп за можна анексија на Гренланд од Америка.

Мицотакис направи реконструкција на Владата, Герапетритис останува шеф на дипломатијата

Мицотакис направи реконструкција на Владата, Герапетритис останува шеф на дипломатијата

Промени во неколку Министерства меѓу кои и оние за национална економија и финансии, за инфраструктура и транспорт, за енергетика, за миграција итн, направи грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, додека пак Јоргос Герапетритис и Никос Дендиас се меѓу министрите кои останаа на нивните позиции, односно во Министерствата за надворешни работи и за национална одбрана